Родум од Јанина, некогаш престолнина на царот Пир. Кога неговите сиромашни родители умреа, младиот Јован се пресели во Цариград и таму го продолжи својот занает (бидејќи беше занаетчија). Не многу пред тоа Турците го освоија Цариград и многумина христијани од страв се одрекоа од Христа и примија ислам. Продавницата на Св. Јован беше токму меѓу овие потурци. Колку што повеќе тој гореше од љубов кон Господ Христос толку посилно се изразуваше како христијанин меѓу предавниците на Христа. И почна да се препира со нив за верата, а најпосле и да ги укорува за предавството. Тие тогаш го одвлекоа на суд и лажно го обвинија дека божем порано го примил исламот, но повторно се вратил во христијанството. Откако го мачеа и биеја со стапови и со железни шипки, го фрлија в затвор. Другиот ден, беше Велигден, повторно го поведоа на мачење, а Јован излезе радосно пеејќи: „Христос воскресна од мртвите!“ НСвети Јован Јанински најде маченичка смрт и прими венец на Божествена слава на 18 април 1526 година.
Тропар
Благодатта Христова ја следеше ревноста твоја о Јоване, и те закрепнуваше како јагне меѓу волци испратено, каде Бога Го исповедаше молејќи се вистината да го победи светот. Тебе денес те молиме пред Христа за нас да се застапиш, ти кој мачеништвото го прими како награда.
The post Денеска се празнува светиот маченик Јован Нови Јанински appeared first on ekran.