Муцунски со претставници на победничката партија во Унгарија, потврдени одличните билатерални односи

Во разговорот, министерот Муцунски упатил искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори.

„Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно понатамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката, економската и трговската соработка“, се вели во соопштението од МНРиНТ.

Воедно, размениле мислења за евроинтегративниот пат на нашата држава, при што била потврдена јасната и силна поддршка од Унгарија. Станало збор и за актуелните геополитички состојби во Европа и пошироко.

INFO