Кадетките одат по златен медал: Ќе се бориме до крај, сакаме да ја израдуваме нацијата!

Македонската женска кадетска репрезентација денеска (14 часот) во салата „Јане Сандански“ ќе игра финале против Хрватска на Светското училишно првенство во ракомет. До битката за златен медал нашите ракометарки стигнаа со пет победи во исто толку одиграни натпревари.

Во нашиот табор се задоволни што имаат шанса да бидат дел од едно вакво натпреврувње, бидејќи на оваа генерација за да може да созрева и се потребни што повеќе мечеви.

„Среќни сме што ќе играме финале и тоа на домашен терен. Нам одамна ни беше потребен еден ваков модул на натпреварување како што е ова Светско училишно првенство за ракомет. Девојките се мотивирани, очекуваме успех, затоа и сме дојдени тука.

Како што кажав и претходно овие натпревари се добредојдени за оваа репрезентација. На полуфиналниот дуел со Турција успеавме да останаме стабилни, од минути во минута ја подигнавме формата, во второ полувреме беше прашање само крајниот резултат.  

INFO MAK