Финале: Тиверија во лов на Купот, Љуботен се надева на хет-трик

Попладнево (14 ч.) на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ќе се одигра финалето на женскиот фудбалски Куп на Македонија. Во финалната битка за престижниот трофеј ќе се борат екипите на Љуботен и Тиверија Брера.

Н апатот до финалето, фудбалерките на Љуботен во осминафиналето беа подобри од Порече, во четвртфиналето го совладаа и Вардар, додека во полуфиналната пресметка со 2:0 беа подобри и од екипата на Каменица Саса.

Тиверија Брера, пак, во осминафиналето и четвртфиналето немаше проблеми со Билјанини Извори и Атлетико, додека во полуфиналето со минимални 1:0 славеше над Скопје 2014.

Тетовки го бркаат третиот куп-трофеј во својата историја, откако славеа во финалните натпревари во последните две години (2023 и 2024). Тиверија Брера имаат еден куп во своите витрини, оној од 2018 година, додека беа финалисти во 2017 и 2019 година.

INFO