Поради падот на температурите на воздухот, на планините над 1400/1500метри надморска височина ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка (локално повисока од 10 cм снег). Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, особено утре, петок (16 мај) и истиот ќе биде најизразен Долж Повардарието.
За време на овој голем влажен и ладен бран, и во Скопје и околината ќе има пообилни врнежи од дожд, повремено со засилен ветер (денес од југоисточен, а утре, петок од северен правец).
Што се однесува до температурите, тие најниски преку ден ќе бидат утре, петок (16 мај) и тие на повеќе места ќе изнесуваат до околу, па дури и под 10 степени, а само во Повардарието тие ќе се искачат до околу 15 степени. На планинските места температурите ќе се спуштаат близу нулата, а на поголемите надморски височини тие ќе се спуштаат дури и под нулата.
Во Скопје и околината утре, петок (16 мај) максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 15 степени.
Метео прогноза на Славчо Попоски.