Арбен Фетаи стана специјален пратеник на Македонија за ЕУ

„Ова е голема чест, но несомнено уште поголема одговорност. Задачата што ми е доверена е да се ангажирам во унапредувањето на процесот на европска интеграција на нашата земја, преку зајакнување на политичката поддршка во институциите и земјите-членки на ЕУ, придонесувајќи за надминување на политичките и дипломатските предизвици, како и правејќи го гласот на Северна Македонија посилен и поприсутен во Брисел и во европските престолнини. Му благодарам на премиерот и Владата за довербата. Патот кон Брисел продолжува. Со одлучност, со партнерство и целосна доверба во нашата европска иднина“, напиша Фетаи на својот фејсбук-профил.

INFO MAK