Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање пред присутните од каде повика на масовно обединување на граѓаните на претстојните избори, а потсети и на времето на претходната власт.
,,Седум години ја ограбуваа, ја распродаваа и ја уништуваа Македонија. Како да овие луѓе до пред само две и пол, три години, не беа тие коишто беа понижувани преку партија фудбалчиња и баскет парти во кабинетите и беа верни слуги на оние кои што владееја со нив. Како да заборавиле и на модуларната болница, како да заборавиле и на стабри и на мархиуана економија. И денеска еве ги тука пред вас, ви кажуваат како тие биле опцијата, како тие ќе го нанеле ударот врз идниот градоначалник Стојанчо, и како тие ќе помогнеле да не бидеме ни ние тие кои што ќе влезат во вториот круг“, вели Мицкоски.
Тој повика на обединување на 18-ти октомври, затоа што, како што вели, опозицијата не е алтернатива.
Тој порача дека поддршката што ја гледа на митингот во Милетино му дава уверување дека победата на 18 октомври е достижна.
– Доколку ние, луѓето што ја сакаме Брвеница и ја сакаме Македонија, се обединиме, како што вечерва можам да го видам ова обединување и оваа недвосмислена поддршка, тогаш нема невозможна работа – рече Мицкоски.
Според него, политичката конкуренција на изборите е јасна, а кандидатот Стојанчо ја има целосната поддршка од партиското раководство.
– Тоа што некои мислат дека е невозможно, е возможно и победуваме на 18 октомври. Јасен е профилот, јасна е конкуренцијата и јасен е победникот на овие предвремени локални избори – порача Мицкоски.
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, имаше свое обраќање пред присутните на митинг во Милетино при што ја претстави својата визија и дел од проектите предвидени во програмата за развој на општината.