Вкупно 2.000 лица – жени, млади до 29 години и долгорочно невработени лица, ќе бидат опфатени со обуки од различни профили согласно нивните потреби, но и пазарните реалности, најавија денеска во Владата.
„Првата обука е наменета за невработени лица кои што се регистрирани во Агенцијата за вработување и оваа обука ќе биде кај конкретен работодавач, на конкретно работно место. Овде се вклучени се 245 лица. Секој учесник на обуката ќе добива надоместок од 12.000 денари месечно, за време на обуката која ќе трае 3 месеци“, информираат во Владата.
Втората обука се однесува на обука за веќе побарувани занимања на пазарот на труд. Овде се опфатени 600 лица и фокусот на обуките е потврден со социјалните услуги, зелените работни места и трговијата и услугите. И овде надоместокот ќе биде до 12.000 денари месечно.
„Обуки за напредни и основни вештини, тоа се однесува на обуките коишто се за компјутерски вештини и јазични обуки и опфаќаме 720 лица. Има и обуки за напредни дигитални и ИТ обуки, кои се преку лиценцирани програми“, додават во Владата.