Хоџа, Божиновска и Сиљановска-Давкова во Анталија на конференција за климатски промени

Министрите за животна средина и за енергетика Муамет Хоџа и Сања Божиновска заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе бидат во Анталија каде ќе учествуваат на Конференцијата на страните (COP31) на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени.

Во Анталија светски лидери, претставници на влади и меѓународни организации ќе дебатираат за актуелните климатски предизвици, унапредувањето на глобалната климатска акција и зајакнувањето на меѓународната соработка во справувањето со климатските промени.

Фокусот е ставен на забрзување на намалувањето на емисиите на гасови со стаклена градина, климатското финансирање, справувањето со екстремните временски појави и претворањето на претходните климатски обврски во конкретни и мерливи активности.