На денешната Надзорна расправа за Алта банка во Собранието, премерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашања на пратениците во својство на сведок информираше дека врз основа на Документ – извадок од Нацрт записникот од 24 октомври 2023 година, може да се види дека прашањето за влез на Алта банка во Стопанска банка Битола се отворило кога премиер бил Димитар Ковачевски. Тој тврдеше дека од стенограмот може да се види дека тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими „барал од Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка Србија.“
„Дали тогаш тие не знаеле кој е Давор Мацура? Тогаш на владина седница била присутна половина Влада. Сите тие гласале. Одлуката за влез на Давор Мацура ја носи Владата на СДСМ со ДУИ, нема да го читам целиот стенограм, нема да биде пристојно“, рече Мицкоски држејќи го во рака записникот.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче му одговори дека сега тој е премиер и банката влегла додека тој е на позицијата.
„Вие сте сега премиер, Алта банка влезе во време кога сте вие бевте премиер, а Трајко Славски гувренер. Нејзиниот сопственик е сега во затвор за перење пари. Тоа што сега се случува е зошто дозволивте влез на банката. Ние една година зборуваме за Давор Мацура, за Алта банка и за рускиот капитал“, рече Филипче.