Се раѓа нов економски тигар во Европа: 6.000 германски компании вложиле 50 милијарди евра во оваа земја

Полска сè повеќе се издвојува како една од најдинамичните економии во Европа, привлекувајќи милијарди евра странски инвестиции, нови производствени капацитети и работници од соседните држави. Особено впечатлив е интересот на германските компании, кои сè почесто ја избираат Полска како место за проширување на своето производство.

Според репортажа на германскиот јавен сервис АРД, во Полска денес работат околу 6.000 германски компании, кои досега инвестирале приближно 50 милијарди евра.

Но, причината за нивниот интерес не се само пониските трошоци за работна сила. Германските инвеститори особено ги истакнуваат побрзата администрација, поедноставните процедури за отворање и проширување фабрики, развиената инфраструктура и дигитализацијата на јавните услуги.

Полска расте со 3,8 проценти, Германија со само 0,2 проценти

Разликата во економската динамика меѓу двете земји е особено видлива во податоците за бруто-домашниот производ.

Во 2024 година, полската економија пораснала за 3 проценти, додека германската забележала пад од 0,5 проценти.