(Видео) Фронтменот на „Колдплеј“ и познатата актерка раскинаа поради проблеми со распоредот

Актерката Дакота Џонсон и фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, наводно повторно се разделија, со што ја завршија својата речиси осумгодишна врска, која постојано се прекинуваше. Разделбата наводно се должи на неможност да се усогласи распоредот. „Овој пат се чини дека е засекогаш“, изјави извор за „Пипл“.

Тие се забавуваат од 2017 година, а нивната осумгодишна врска имала свои подеми и падови. Последен пат беа фотографирани заедно на 16 мај, пред само две недели, во Малибу. Пред тоа беа видени како се држат за раце во Индија, каде што Мартин беше на турнеја со својот бенд.

Во март 2024 година извор откри дека Џонсон и Мартин, всушност, биле срвшени со години откога шпекулациите за свршувачката првпат се појавија во 2020 година, иако во тоа време не брзале да се венчаат. Кога се појавија шпекулации за раскинување во август 2024 година, портпаролот на актерката ги негира и рече дека тие се среќни заедно.

Џонсон претходно отворено зборуваше за тоа дека е присутна во животите на децата на Мартин од неговиот брак со Гвинет Палтроу, синот Мозес и ќерката Епл, кои сега имаат 19 и 21 година. „Ги сакам тие деца како мојот живот да зависи од нив“, изјави Џонсон претходно за „Бастл“. „Со сето мое срце“.

INFO