Голема, невидена сензација на СКП. Ал-Хилал во осминафиналето одигра совршен меч и успеа со 4:3 да го победи Манчестер Сити и со тоа да се пласира во следната фаза.
Секако дека славјето кај играчите на тимот од Саудиска Арабија беше големо, а посебно во соблекувалната.
Се почна со Србинот Александар Митровиќ, кој не играше поради повреда, а потоа се продолжи со еуфорична прослава.
Така и треба, па не секој ден се победува Манчестер Сити и си меѓу осуммте најдобри клубови во светот, барем според ФИФА и СКП.