Римини е прекрасен, но Вардар не дојде на туризам туку да ја заврши задачата!

СпортСпорт во Римини, Огнен Чак Дојчиновски

Утрото по пристигнувањето во Римини, Италија, станицата во која ќе одседне освојувачот на Купот на Македонија, Вардар, по повод реванш дуелот од првото коло од Лигата на Конференциии против екипата на Ла Фиорита од Сан Марино, „црвено – црните“ ги почувстуваа двете страни од „медаљата“ по ова прашање.

Специфичноста на противникот, местото од каде што доаѓа, и се останато го направи доаѓањето овде малку поспецифично од „рандом“ патување на реванш дуел но далеку од тоа дека нешто е проблематично.

Напротив, кој не би сакал да се разбуди во Римини, едно најмонденските, елитни летувалишта на светот.

INFO