На територијата на државата до утрово во 06:30 часот активни се три пожари, додека еден е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 24 од вкупно 28 регистрирани пожари.
Најсериозна е состојбата на планината Готен, на потегот меѓу општините Василево, Радовиш и Берово. На овој терен, освен домашните противпожарни и шумски служби, ангажирани се и меѓународни сили – словенечки пожарникари и чешкиот хеликоптер „Блек Хок“, кој од вчера активно учествува во гаснењето на пожарот.
ЦУК информира дека активен е и пожарот меѓу селата Галиште и Ќесендре во општина Кавадарци, каде што гори мешана шума и нискостеблеста вегетација. Третиот активен пожар се наоѓа кај кракот што се шири кон селото Градешница во општина Новаци.