Над 300.000 евра за патни трошоци за пратеници за 13 месеци

Собранието исплатило 18,6 милиони денари или околу 303.320 евра за патни трошоци што ги побарале пратеници за период од 13 месеци, покажуваат податоците кои Радио Слободна Европа (РСЕ) ги доби преку слободен пристап до информации од јавен карактер.

Податоците покажуваат дека сумата од 303.320 евра – од кои 26.717 за патарини и 276.603 за гориво, е исплатена за 65 од вкупно 120 пратеници од актуелниот парламентарен состав и тие се однесуваат на периодот од денот на одржување на конститутивната седница – 28 мај 2024 до 30 јуни 2025 година.

Во истиот период, девет пратеници го искористиле правото на закуп на стан за што биле потрошени 44.522 евра.

INFO