Сиљановска ќе учествува на Генералното собрание на ОН

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на генералната дебата и ќе учествува на повеќе самити, лидерски форуми и состаноци на високо ниво, што се одржуваат по повот 80 години од Генералното собрание на ОН. Претседателката ќе оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, а предвидени се и други билатерални средби со светски лидери.

Темата на годинашната сесија е „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“.

За време на работната посета на САД, претседателката ќе го посети и Детроит. 

INFO