„Ако продолжите да манипулирате, ќе кажам за сѐ што сте го молеле Мицкоски. Вечерва ќе одам до тука. Ако отворат уста уште еден збор, тогаш на следниот мој јавен настап ќе кажам колку пати го молеа Мицкоски, со имиња и презимиња, на бизнисмени од Скопје, луѓе од Албанија, како се поклониле, како се согласиле да влезат во Владата без претседател во Собранието“, рече Тачи.
Тој изјави дека се покајал што влегол во Европскиот фронт, а причината за тоа било непридржувањето на она што било договорено од страна на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.