Инаку, Мерко е на црната листа на САД уште од јуни 2023 година. И покрај ова ДУИ ништо не презеде за негова смена или негово одалечување од поширокото партиско раководство. САД го означија градоначалникот на Струга Рамиз Мерко како неподобен за влез во САД поради неговата вклученост во значајна корупција, соопшти тогаш Стејт департментот. „Мерко, како градоначалник на Струга, злоупотребувал општински средства и се мешал во судски и други јавни процеси, наштетувајќи ѝ на довербата на македонската јавност во демократските институции и функционери“, се вели во образложението на Стејт департментот.
На црната листа на САД истовремено се ставени и неговата сопруга Шпреса и трите полнолетни деца, Генц, Назмије и Дренуше.