Проширувањето на ЕУ, тема на конференцијата во Загреб на која учествува и заменик-министерката Трајков

Високи државни претставници на Хрватска во рамките на програмата ќе го презентираат подетално евроинтеграцискиот процес преку примерот на Хрватска, како и предизвиците со коишто земјата се соочила на патот до ЕУ.

Свое излагање на тренингот ќе има Владимир Дробњак, главниот преговарач на Хрватска со ЕУ, којшто преку презентирање на клучните перспективи во преговарачкиот процес ќе зборува за стратешкото значење на владеењето на правото во преговарачкиот процес.

Во рамките на програмата, посебен дел ќе биде посветен на подготвителниот дел во рамките на преговарачките позиции, со фокус на предизвиците и бенефитите во овие процеси.

Експертите ќе дадат осврти и на економските предуслови на земјите аспиранти за ЕУ, а ќе се истакне и значењето на финансиската помош на земјите од Западен Балкан преку Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан.

Учесниците на тренинг програмата ќе можат да слушнат и за предностите од ЕУ фондовите во периодот пред и по добивањето на членството во Унијата, со фокус на хрватскиот пример.

INFO