„Мотивот на нашиот самостоен настап на изборите во Куманово е да направиме нешто за нашиот град, да постигнеме нешто за нашите ќерки и синови, но и да го зачуваме достоинството, сѐ со цел, не да ги победиме другите, тие сами себе ќе се поразат со омразата која некои од нив, поготово ‘јаничарите’ секојдневно ја покажуваат“, вели Стоиљковиќ.
Мојата идеја за Куманово е, власта не да се фокусира само градоначалникот, туку и советниците да го преземат својот дел од одговорноста.
„Нашата идеја е да имаме доволен број советници за да можеме со идниот градоначалник, кој и да биде, не да го примораме туку во договор со него да почнеме да реализираме проекти за кои ние сме заинтересирани. Идејата е со тие советници што ќе ги добиеме, ако ги добиеме, парите да ги насочиме таму каде што треба да се насочат, а тоа е и за нашите средини да се води сметка. Затоа размислете дали ни е потребно да добиеме двајца, тројца или повеќе советници и дали тоа ни е потребно. Ако сметате дека тоа не ни е потребно тогаш јас тука не можам да помогнам со ништо. Единствената помош е самио себе си да си помогнеме. Да имаме доволен број советници за да може да реализираме проекти во нашите средини. Поентата на целата приказна е да го вратиме нашето достоинство“, изјави вечерва Стоиљковиќ.
Демократската партија на Србите (ДПС) одлучи на претстојните локални избори во Општина Куманово да настапи самостојно. ДПС вечерва ја промовираше листата на кандидати за Советот на Куманово, а беше отворен и изборен штаб во Ајдучка чешма.
The post Стоиљковиќ: Одиме самостојно во Куманово, не да ги победиме другите, тие сами себе си ќе се поразат со омразата appeared first on МКД.МК.