Како што соопшти МНРиНТ, Муцунски ја реафирмирал цврстата посветеност за забрзување на евроинтегративниот процес, со цел полноправно членство во ЕУ, во согласност со воспоставените критериуми и стандарди.
Тој истакнал дека државата останува доследен и кредибилен партнер на ЕУ, кој континуирано работи на спроведување на реформите и активно придонесува кон регионалната стабилност и соработка.
„Муцунски посочи и на важноста од поголема предвидливост и динамика во процесот на интеграција на земјите од регионот во ЕУ, изразувајќи благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од страна на Финска“, се вели во соопштението на МНРиНТ.
Двајцата министри разговарале и за билатералните односи, потврдувајќи ја заедничката заложба за нивно натамошно продлабочување и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес.