ВМРО-ДПМНЕ го прашува Герасимовски дали е заобиколен законот при доградбата на ОУ „Коле Неделковски“

„Затоа, го прашуваме Горан Герасимовски, дали од 1 септември, нашите дечиња од Центар и ОУ ‘Коле Неделковски’, учат во дограден и надграден објект, за кој не е извршен технички прием и за кој нема правосилно решение за измена во тек на градба? Дали е точна информацијата дека за да се заобиколи законот, извршена е промена на намената на простории од училници во технички простории? Дали договорените и доградените делови во училиштето се диво изграден објект? Доколку овие информации се точни, тогаш безбедноста на нашите деца е директно загрозена затоа бараме одговорност од градоначалникот за овој објект. На Центар му се потребни промени, промени коишто треба да се случат веднаш“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

INFO