Таа го поздрави учеството на експертите од сите земји од Западен Балкан и порача дека искуствата од Обединетите нации и Европската Унија во оваа област се особено значајни и корисни.
„Како земји чија иднина е во согласност со европските перспективи, ги знаеме нашите обврски и го знаеме нашиот пат што треба да го градиме заеднички и обединети. Идеите ги поврзуваат нашите луѓе, правејќи го регионот поинтегриран и посилен и покрај предизвиците што претстојат. Цврсто верувам дека проектите за кои зборуваме денес ќе ја создадат нашата иднина утре”, нагласи Трајков.
Заменик-министерката рече дека можностите во рамки на Планот за раст ќе ги поттикнат плановите за обликување на иднината на следните генерации. Таа апелираше да се искористат можностите што ги имаме и да ги направиме соништата реалност во име на посветла иднина за сите нас.
Овој 7-ми семинар е продолжение на првичниот состанок што се одржа во декември 2006 година во Охрид, на кој визионерски беа поставени темелите за дигитализација на документи и процедури за обработка и размена на податоци во меѓународната трговија во регионот на Југоисточна Европа.