Како што соопшти кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова на средбата се разговарало за досегашниот тек на преговорите меѓу Албанија и Унијата и начинот на нивното менаџирање.
„Претседателот Бегај истакна дека дел од земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ“, се наведува во соопштението.
Тој изразил подготвеност за помош и поддршка во процесот на македонската евроинтеграција, додавајќи дека членството во ЕУ гарантира владеење на правото, заштита на човековите права и јакнење на демократскиот капацитет.
На средбата била потврдена потребата од негувањето на меѓусебното партнерство на мултилатерален план како и проширување на соработката на сите полиња.