Уште три дена од изборната кампања, митинзи во Берово, Пехчево, Дебар, Маврово…

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи и средби со граѓани во Пробиштип, Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево.

Коалицијата предводена од СДСМ денес ќе одржи митинзи во Центар Жупа, во Дебер, во Гостивар и Маврово Ростуша.

Претставници на Левица денеска ќе остварат средби со граѓани во Радовиш и Струмица, каде ќе ги претставува своите кандидати за носители на осветничките листи и останатите советници.

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми денеска на прес-конференција во 10 часот ќе ги претстави „Петте ветувања за Гостивар“ – конкретен план за чистење на градот од корупција, отпад и кучиња скитници, за оживување на економијата и враќање на власта во рацете на граѓаните.

Во пресрет на изборните процеси, Стопанската комора на северо-западна Македонија денеска ќе одржи средба со независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира. Стопанската комора на северо-западна Македонија традиционално одржува средби со политичките субјекти за да ја претстави својата Платформа за локален економски развој пред раководствата на партиите и кандидатите за градоначалници, со цел да ги изложи ставовите и приоритетите на бизнис заедницата.

Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври.

INFO