Филипче до Црвенковски: Или си СДСМ или не си…

Филипче од новинарите беше замолен за коментар за фотографиите објавени на социјалните мрежи на Црвенковски со Пецаков.

„Во однос на сликата која излезе на социјалните медиуми вчера, јас можам само да го цитирам поранешниот претседател на СДСМ, а тоа е или си СДСМ или не си“, рече Филипче.

На фотографијата Црвенковски во Охрид е со Пецаков и со пратеникот од истата партија Саше Донев.

Објавена е уште една фотографија на Црвенковски со носителката на советничката листа на ЗНАМ за Охрид, Марина Горговска.

Бранко Црвенковски јавно го замрзна своето членство во СДСМ во 2020 година по интервју на Зоран Заев за БГНЕС.

„Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ. До одржувањето на таква седница на ЦО, јас, Бранко Црвенковски, основач и долгогодишен претседател на СДСМ го замрзнувам моето членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, повика тогаш Црвенковски.

INFO