„Ви ветувам дека уште од првиот ден ќе бидам во служба на сите граѓани. Моето место е на терен, меѓу луѓето, заедно да продолжиме да градиме подобра, поубава и поуспешна Кисела Вода. Синоќа покажавме дека Кисела Вода треба да продолжи да напредува. Победата во прв круг е најдобар показател дека наследивме Општина за пример, а тоа е нешто што го заслужува и Скопје, нешто што може да го испорача само посветен и вреден човек како нашиот Орце Ѓорѓиевски. Нѐ чека работа, многу предизвици, но и многу убави моменти кои заедно ќе ги создадеме. Со љубов, со почит и со цело срце, уште еднаш, честитки до граѓаните на Кисела Вода! Денес вие победивте“, објави Стаменкоска Трајкоска.
Таа додаде дека ова е победа на народот, победа на искреноста и на љубовта кон нашата општина.