Могила – уште едно градоначалничко место за ВМРО-ДПМНЕ

Тој вели дека оваа одлука за него не била лесна, но „верувам дека е исправна и чесна во овој момент – во интерес на нашата општина и на сите граѓани што живеат во неа.
Во изминатиот период слушнав различни мислења, совети и размислувања. Сфатив дека политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите.
ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом. Како нејзин член секогаш сум се водел од идејата за чест, работа и почит кон луѓето. Така било и ќе остане. Ќе продолжам да го поддржувам сето она што е во интерес на граѓаните и на вредностите за кои се залага оваа организација.
Понекогаш, вистинското лидерство не се покажува само кога чекориш напред, туку и кога знаеш кога треба достоинствено да застанеш на страна, за да не му наштетиш на она што го сакаш и почитуваш.
Свесен сум дека оваа вест ќе изненади многумина, но ја носам со мирна совест и со чувство на одговорност. Убеден сум дека ова е најдоброто нешто што можев да го направам во овој момент.
Ќе продолжам и понатаму да бидам тука – достапен, искрен и подготвен да помогнам секогаш кога ќе има потреба. Вашата поддршка, доверба и добри зборови ќе останат нешто што длабоко го ценам“, напипша Сашо Пивковски.
Пивковски беше кандидат на група избирачи со освоени 37,7 отсто од гласачите во Могила. На прво место е, сега веќе и новиот градоначалник, Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ со 49,1 отсто од освоените гласови и Зоран Ристевски од СДСМ со освоени 10,3 отсто од гласовите.
INFO