Мицкоски во изјава за медиуми истакна дека Централниот комитет (ЦК) донел одлука за избор на нов Извршен комитет (ЦК) којшто, како што кажа, „претставува спој меѓу искуството и дел од луѓето кои се веќе дел од претходните состави на ИК и нови членов кои заедно со оние кои во минатото беа дел од ИК ќе го формираат новиот Извршен комитет“.
„Овие одлуки се јасен показател дека партијата се менува, и се прилагодува на новите предизвици, нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните“, нагласи Мицкоски, по што го соопшти новиот состав на ИК.
Новиот Извршнен комитет на ВМРО-ДПМНЕ го сочинуваат, новиот генерален секретар, пратеникот Драган Ковачки, Александар Николоски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, Рашела Мизхархи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николоски.
Мицкоски додаде дека на овие членови, според статутот, ќе им се приклучат новите претседатели на Унијата на млади сили (УМС), Унијата на жени и Унијата на ветерани.
Мицкоски исто така информира дека за организационен секретар е избран Ивица Томовски, досегашен и иден директор на Централниот штаб, а за шеф на неговиот кабинет Владимир Нелоски.
Додаде дека ќе продолжат да работат на зајакнување на внатрешната организација, транспаретноста и инклузивниот процес на членството. Најави дека во претстојниот период ќе има избор на претседатели на партиските општински комитети, како и избор на нови раководства на Унијата на жени, УМС и Унијата на ветерани.