На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји, а притоа акцентот е ставен на можноста за воспоставување нови авиолинии и подобро поврзување на врските меѓу двете земји, соопшти Министерството за транспорт,
Вицепремиерот го запозна амбасадорот Миљаниќ со инфраструктурните проекти, како и со реформските процеси што се спроведуваат во насока на исполнување на европската агенда, притоа е истакната силната инвестициска активност во изградба и модернизација на меѓународните коридори, кои имаат силно влијание врз регионалниот развој и соработка.
На средбата станало збор и за зголемување на економската соработка, трговската размена, како и соработката во туризмот.
„Со амбасадорот разговаравме за подобрување на билатералните односи, особено за можноста за воспоставување авиоповрзување меѓу двете земји. Исто така, отворивме теми и за унапредување на трговската соработка, туризмот и сè што е во интерес на двете земји. Црна Гора е наша пријателска земја и очекуваме дека во име на таквиот партнерски однос соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период“, истакна вицепремиерот Николоски.
Двајцата соговорници, како што е наведено, се согласија на интензивирање на понатамошната соработка, особено во делот на зголемување на економските односи меѓу Македонија и Црна Гора.