Двајца високи норвешки дипломати под истрага поради врски со Епштајн

Двајца високи дипломати се под истрага од норвешките власти поради нивната поврзаност со починатиот сексуален престапник Џефри Епштајн, пренесува „Гардијан“.

Како што е објавено, норвешката единица за финансиски криминал, ја истражува Мона Јуул, која во неделата поднела оставка од функцијата амбасадорка во Јордан и Ирак, под сомнение за тешка корупција додека работела во Министерството за надворешни работи, соопштија властите во понеделникот.

Нејзиниот сопруг, Терје Под Ларсен, поранешен дипломат и поранешен претседател на Меѓународниот институт за мир (IPI), исто така е под истрага, под сомнение за соучесништво во тешка корупција. Пол Лонсет, шеф на норвешката единица за финансиски криминал информира за истрагата за да се разјасни дали има кривични дела и кажа дека се соочуваат со обемна и според сите индикации, долготрајна истрага.

Меѓу другото, властите ќе истражуваат дали Јуул добила бенефиции поврзани со нејзината функција.

Нивните адвокати изјавиле дека нивните клиенти соработуваат со истражителите и се уверени дека наводите ќе се покажат како неосновани.

Брачниот пар кој бил дел од група дипломати што ги олесниле мировните договори од Осло во периодот од 1993до1995 година, се Норвежани што се појавуваат во јавноста поради досиејата поврзани со Епштајн.

Овие откритија предизвикаа шок во Норвешка, главно поради односот на американскиот финансиер со престолонаследничката принцеза Мете-Марит, но и поради неговите врски со други значајни личности.

INFO