Франција ќе започне да произведува оружје со Киев

Украина и Франција се договорија да започнат заедничко производство на оружје, изјави украинскиот министер за одбрана во понеделникот, по средбата со неговиот француски колега во Киев, пренесува „Гардијан“.

Михајло Федоров рече дека двете земји потпишале „писмо за намери“ кое го отвора патот за „големи заеднички проекти во одбранбено-индустрискиот сектор“. Тој не прецизираше каков вид оружје ќе се произведува со Франција ниту кога ќе започне производството.

„Преминуваме од испораки кон заедничко производство и долгорочни решенија кои систематски ја зајакнуваат нашата одбрана,“ напиша Федоров на Телеграм по средбата со француската министерка за вооружени сили, Катрин Вотран.

Украинските и францускикте власти разговарале и за нови испораки на француско оружје и воена опрема за Киев, вклучувајќи ракети „Астер“, борбени авиони „Мираж 2000“ и системи за противвоздушна одбрана SAMP-T.

Претседателот Володомир Зеленски кажа дека Украина ќе го отвори извозот на своето домашно произведено оружје, што е начин Киев да ги капитализира своите технолошки достигнувања во време на војна и да обезбеди неопходни финансии. Тој рече дека во 2026 година ќе бидат отворени 10 „извозни центри“ за украинско оружје низ Европа, додавајќи дека меѓу извозните производи ќе бидат и борбени дронови, односно беспилотни летала (UAV).

„Денешната безбедност на Европа се гради врз технологија и дронови. Сето ова во голема мера ќе се темели на украинска технологија и украински специјалисти“, рече Зеленски.

Руските напади оштетија производствени капацитети на украинската државна компанија за нафта и гас „Нафтогаз“ во регионите Полтава и Суми, соопшти во понеделникот извршниот директор на компанијата. Објектите во полтавскиот регион биле нападнати втор ден по ред, напиша Сергиј Корецькиј на Фејсбук, додавајќи дека ова е 20-ти напад врз инфраструктурата на компанијата од почетокот на годината.

INFO