Илјадници луѓе протестираат во САД против политиките на Трамп

Илјадници луѓе излегоа на улиците низ САД за да протестираат поради неодамнешните мерки на претседателот Доналд Трамп. Познати како „50501“, за „50 протести, 50 држави, 1 движење“, демонстрациите требаше да се совпаднат со 250-годишнината од почетокот на Американската револуционерна војна.

Демонстрантите упатија пораки од пред Белата куќа и пред продавниците на Тесла, а повикаа и на враќање на Килмар Абрего Гарсија, кој по грешка беше депортиран во Ел Салвадор.

Најновата анкета на Галуп сугерира дека 45 отсто од гласачите го одобруваат настапот на Трамп во првиот квартал од неговиот мандат, што е повеќе од 41 отсто што го одобрувале во истиот период во неговиот прв мандат. Сепак, тој е понизок од просечниот рејтинг во првиот квартал од 60% за сите претседатели избрани помеѓу 1952 и 2020 година. Се чини дека популарноста на Трамп се намалува, особено кога станува збор за економијата. Кога ја презеде функцијата во јануари, неговиот рејтинг беше 47%, според Галуп.

Вчерашните протести се осврнаа на голем број мерки на Трамп, вклучително и оние на Одделот за владина ефикасност, иницијативата на Трамп да ги намали работните места на американската влада и другите трошоци и неподготвеноста на администрацијата да го врати Абрего Гарсија, граѓанин на Ел Салвадор.

Многу демонстранти носеа натписи на кои пишуваше „Нема кралеви“, како поздрав на годишнината од почетокот на револуцијата во земјата против британското владеење. Саботните протести, најмасовни досега се случија на 1.200 локации во сите 50 американски држави.

INFO