Краткотрајни проблеми на Јутјуб поради дефект во системот

„YouTube“ соопшти дека проблемот што привремено го наруши пристапот до платформата е веќе решен, откако веб-страницата за следење прекини „Downdetector“ регистрираше масовни проблеми на глобално ниво.

Од „YouTube“ информираа дека дефект во системот за препораки спречувал видеата да се појавуваат на различни делови од платформата.

„Проблемот со системот за препораки е решен и сите наши платформи и апликацијата YouTube, YouTube Music, Kids и TV функционираат нормално“, соопшти компанијата.

Според „Downdetector“, биле регистрирани повеќе од 320.000 пријави од корисници во САД. Бројките се базираат на пријави од корисници, па реалниот број e најверојатно поголем.

Проблеми со пристапот до „YouTube“ биле пријавени и во повеќе земји, меѓу кои Индија, Велика Британија, Австралија и Мексико.

INFO