ПМФЛ: Работнички на мегдан со Силекс, Струга ТЛ против Шкендија, службени победи за Тиквеш и Пелистер!

Денеска од 16 часот на програмата се петте преостанати мечеви од 30.коло. Вчера Вардар како гостин успеа слави на Чаир кај Шкупи со 0:2 и со тоа да ја продолжи блескавата серија од 14 меча без пораз.

Според местата на табелата денеска дербито се игра на Националната Арена во Скопје каде се среќаваат третиот и вториот на табелата, Работнички против Силекс.

Ако Работнички победи а Струга ТЛ на свој терен не ја победи Шкендија, тогаш клубот од Дебар Маало и дефинитивно ова лето ќе игра во Европа и тоа по пауза од цели осум години. Сепак Силекс се бори за титулата, има шанси ако се знае дека само 4 бода го делат од лидерот Шкендија. Од ова се гледа дека на тетовци и тоа како им е потребна победа на гости во Струга.

Беса и Брера играат меч кој може да реши кој ќе игра во баражот за опстанок ако се знае дека од Лигата се повлекоа Воска и Гостивар кои во следната сезона ќе играат во најнизок ранг.

INFO