Изет Меџити: ВРЕДИ се обединува во една партија на 9-ти мај, по што ќе следува реконструкција на Владата

Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН) на 9-ти мај ќе одржи обединувачки конгрес преку кој ќе прерасне во една политичка партија со центар-десно ориентирана идеологија. Ова го најави еден од лидерите на коалицијата, Изет Меџити, во гостувањето во дневникот на телевизија Сител, каде што зборуваше за новата структура на партијата, претстојната владина реконструкција, евроинтеграциите и укинувањето на Пржинската влада].

 

Меџити посочи дека обединувањето во една партија има за цел да донесе вистинска конкуренција на политичката сцена. „ВЛЕН направи се, монополизирана албанската сцена, значи политичка сцена во Македонија да се воведе конкуренција, да се укине тој монопол ДУИ над 20 години“, изјави Меџити, нагласувајќи дека силната опозиција е во интерес на народот и гласачите. Изборот на 9-ти мај за конгрес не е случаен, бидејќи симболизира посветеност кон европските вредности кои се нивен врвен приоритет.

 

Новата партија ќе воведе демократски новитети карактеристични за европските држави, како што е системот на копретседателство. „Јас и Билал Касами ќе бидеме копретседатели, генерален секретар Беким Сали, и потпретседатели Беким Ќоку и Мимоза Муса“, откри Меџити, додавајќи дека во поширокото претседателство ќе бидат вклучени и сите министри, градоначалници, пратеници и заменици министри. Тој предвидува дека во иднина во албанскиот политички блок главни чинители ќе бидат само ВЛЕН и ДУИ, додека помалите партии ќе мора да се претопат во едните или во другите.

 

Запрашан за најавената реконструкција на владиниот кабинет, Меџити потврди дека начелно се договорени со премиерот Христијан Мицкоски за промени во Владата, но деталите ќе се договараат по завршувањето на партискиот конгрес.. При евалуацијата, најважни ќе бидат резултатите и остварувањата на функционерите.

INFO MAK