Сиљановска-Давкова му го честитала на Радев мнозинството во бугарското Собрание, очекува конструктивност за проширувањето на ЕУ

„Се разбира. Му честитав, му пратив порака. А потем и ми се јави. Разговаравме. Му посакав успех, изразив уверување дека штом доби вака високо мнозинство тоа е гаранција за стабилност, дека веројатно бугарскиот народ, бугарските граѓани во него препознаа стабилен елемент на државата и нацијата, дека веројатно ќе може лесно да формира влада и да ја оствари својата програма“, рече претседателката во изјавата за медиумите денеска во Собранието, на маргините на 20-та Конференција на претседатели/спикери на парламенти на Јадранско-Јонската иницијатива.

Сиљановска-Давкова посочи дека мнозинството и стабилноста се и за нас важни затоа што, како што нагласи, „ќе имаме со кого да разговараме“.

„Потенцирав дека за мене регионалниот пристап е важен, дека очекувам пријателски однос, конструктивен однос, разбирање на потребата од проширување. Очекувам, се разбира, организирање средба“, изјави претседателката Сиљановска – Давкова.

Радев на парламентарните избори во неделата во Бугарија освои апсолутно мнозинство пратеници.

 

INFO MAK