Денеска продолжува актуелното 29. Коло од домашниот ПМФЛ шампионат, во кое на стадионот во Ѓорче Петров ќе се сретнат домаќинот Македонија и тимот на Работнички.
Оваа градска пресметка која инаку стартува до 16:00 часот значи само едно за двата тима. Освојување на бодови кои ќе значат и натаму шанса за останување во прволигашката конкуренција. Двата тима се во лоша состојба на табелата. Македонија е претпоследна, единаесетта со 24 бодови, додека Работнички е место погоре со четири бода повеќе.
„Лавовите“ седум кола немаат победа, и во нив имаат забележано само еден нерешен ресултат, оној против Брера, и шест порази.
Последен пат кога Македонија ЃП победи во домашниот ПМФЛ шампионат, беше токму дуелот против Работнички одигран на 4. Март, со конечни 3:1 токму на свој терен. Тогаш стреци беа, Адем, Стојчевски и Николиќ.