Села оваа изјава ја даде по последните изјави на претставници на коалицијата Вреди во врска со можноста за негово и учество на неговата партија во Владата.
„Секоја дискусија за евентуално спојување во извршната власт мора да се темели на јасни политички принципи и услови. Клучен приоритет останува почитувањето и практичната имплементација на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд. Во минатото, сопствениците им велеа на работниците ‘ако не сакате, има други деца’. Денес, ‘нема други деца’“, рече Села и додаде дека за него ова прашање е од суштинско значење за обезбедување еднаквост и правична застапеност на немнозинските заедници во државата.