Го сметаа за чудотворец и после смртта. Правот од неговиот гроб го земаа како лек против каснатици од змија. И ден денес мнозина христијани во молитва го повикуваат Пророкот Еремија против змии.
Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Ерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосија. Им пророкуваше за покајание на царот и на неговите големци, на лажните пророци и на свештениците и во времето на овој цар Јосија одвај си ја спаси главата од убиствените раце на огорчените големци.