Влен: Стратешкото партнерство со Турција се претвора во конкретни инвестиции и економски развој

Од Влен велат дека учеството на првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на Бизнис форумот Турција-Македонија во Истанбул е доказ за активниот пристап на институциите во создавањето нови мостови на соработка со бизнис-заедницата и инвеститорите.

„Владата, со своите претставници од Влен, работи на создавање поволна инвестициска клима преку политики што го поддржуваат производството, иновациите, технолошкиот развој и отворањето нови работни места, позиционирајќи ја државата како сигурен и конкурентен партнер во регионот. Продлабочувањето на економската соработка со Турција не е само дипломатски приоритет, туку и можност за економски раст, унапредување на домашната индустрија и создавање нова развојна перспектива за државата“, велат од Влен.

Оттаму потенцираат дека партијата ќе продолжи да поддржува политики што носат инвестиции, ја зајакнуваат економијата и градат долгорочни партнерства во интерес на граѓаните и иднината на Македонија.

INFO MAK