Али Ахмети не се плаши од судско активирање на хашките случаи, но се плаши од „отворање стари рани“

Во тој контекст Ахмети рекол дека не се плаши за себе, но „ако се отворат стари рани, болката е поголема, отколку кога се отвораат нови рани“.

„Имам информации дека има иницијативи во Уставниот суд за отворање на случаите на Хашкиот трибунал за покренување обвинение против Националната ослободителна армија за воени злосторства. Не дека ме плаши, но отворањето стари рани е поболно од отворањето нова рана. Ова се случаи што ги затворивме пред повеќе од 20 години“, рече Ахмети.

Хашките случаи се четири судски предмети за воени злосторства од конфликтот во 2001 година во Македонија: „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, „Мавровски работници“ и „12-темина исчезнати“. Тие беа вратени од Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија на домашните судски органи, а во 2011 година беа затворени со автентично толкување на Законот за амнестија.

INFO MAK