Косовскиот премиер Албин Курти беше гаѓан со јајца за време на седница во косовското собрание

Претседателот на Движењето Самоопределување и вршител на должноста премиер на Косово, Албин Курти, денеска беше гаѓан со јајца за време на продолжението на прекинатата конститутивна седница на Собранието во Косово.

Кога Курти повторно побара дополнително време за консултации, пратеничката од Алијансата, Тајме Кадријај, го гаѓаше со јајца.

Тоа доведе до прекин на седницата и влегување на телохранителите на Курти во салата.

Претседавачот со седницата, Авни Дехари, најави дека пратениците подоцна ќе бидат информирани кога ќе продолжи седницата.

INFO MAK