Зеленски повика на дополнителни санкции врз Русија по најновиот напад врз Киев

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска изјави дека само дополнителни санкции можат да ја принудат Русија да прифати примирје, по нападите на руски дронови и ракети врз Киев во кои беа повредени 15 лица, пренесе „Н1“.

„Само дополнителни санкции насочени кон клучни економски руски економски сектори ќе ја принудат Москва на примирје”, напиша Зеленски на „Икс“.

Тој додаде дека Москва е причината за тоа што војната продолжува. Големиот руски напад со дронови и ракети беше извршен врз Киев ноќеска, во пресрет на втората фаза од рекордната размена на затвореници меѓу двете страни.

Украинските воздухопловни сили соопштија денеска дека собориле шест руски балистички ракети и 245 дронови во текот на ноќта, во напад кој главно беше насочен кон Киев.

INFO