Со две последователни оценки 1, отказ од работа за административните работници

На административен службеник кој последователно ќе добие две оценки 1 му престанува работниот однос. Собранието ги донесе измените на Законот за административни службеници.

Со предложениот закон исто така се укинува можноста за унапредување на административните службеници без објавување интерен оглас, со што, според предлагачот на измените, се обезбедува еднаков пристап и примена на мерит системот.

Опозициската СДСМ не даде поддршка на измените со забелешка за одредбите што се однесуваат на санкциите за административните службеници.

Се нешто се прави во завиена форма за да се остварат некакви цели, рече координаторот на СДСМ Оливер Спасовски обвинувајќи за политички притисок.