„На маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, утрово остварив средба со министерот за Европа на Француската Република, Бенжамин Хадад, објави на Фејсбук, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.
Двајцата министри разговарале за билатералната соработка, европската перспектива на Македонија и поддршката од Франција на нашиот европски пат.
„Ја истакнав цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција. Разменивме мислења и за актуелните регионални случувања и улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа”, напиша Муцунски.