Протестот беше насочен против улогата на НАТО во тековниот геноцид врз палестинскиот народ, кој трае веќе повеќе од 600 дена. Демонстрантите излегоа со транспарент „НАТО финансира, Израел бомбардира“, а ги скандираа и пораките „НАТО убијци“, „Израел терорист“, „Не во наше име“, „Мрш од Македонија“, „Долу НАТО, долу империјализмот, долу капитализмот“ и други слични пораки.
Иницијативата предупреди и на опасноста од сè позабрзаната милитаризација на населението, особено што во самиот центар на градот беа изложени тенкови и оружја како дел од настанот на кој присуствуваа и мали дечиња со своите семејства. Според нив, Македонија веќе не треба да ги поддржува империјалистичките војни и глобалната нееднаквост со своето членство во НАТО.
„Не го прифаќаме милитаризмот како решение, ниту капитализмот како иднина. НАТО не носи безбедност, туку моќ, контрола и смрт. Стоиме на страната на потиснатите, а не на агресорите,“ изјавија од „Сите за Палестина“.