Наполи добил сериозна понуда за зимски трансфер на Де Брујне

Кевин де Брујне може да има нов клуб уште во јануари, а Наполи сериозно размислува да му дозволи да замине со одредена отштета, која нема да ја добие по крајот на сезоната.

Големата ѕвезда има договор со италијанскиот клуб до крајот на сезоната, но не е најзадоволен од случувањата во Наполи и соработката со Макс Алегри, па сериозен обид да го доведе во јануари веќе почнал да реализира ПСВ Ајндховен.

Холандскиот клуб сака да ги израдува своите фанови со засилување од калибарот на Де Брујне, кој иако има 35 години, се уште може да му понуди многу на својот тим.

ПСВ веќе има комуникација со агентите на Де Брујне, а за идејата е информиран и Наполи, каде очигледно постои расположение за ваков излезен трансфер во јануарскиот преоден рок.

ПСВ веќе има комуникација со агентите на Де Брујне, а за идејата е информиран и Наполи, каде очигледно постои расположение за ваков излезен трансфер во јануарскиот преоден рок.