Опозициски прашања се на дневен ред на една од двете закажани пленарни седници за денес. Според објавата на официјалната веб страница на Собранието, пратеничките прашања ќе бидат поставени во рамки на 130-седница.
Почетокот на оваа седница е закажан во 11 часот. Право на поставување прашање имаат пратениците од пратеничките групи во опозиција и пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група.